Ракометарите на Тримо Требње направија голема сензација во словенечкиот шампионат, откако на свој терен го декласираа актуелниот шампион Целје со 11 гола разлика, 31:20.
Избраниците на Урош Зорман во најголемиот дел од натпреварот беа во водство и освен во воведниот дел, кој мина во знакот на гостите, во останатите 60 минути целосно доминираа на теренот.
Најефикасни во победничката екипа со по шест погодоци беа Сташ Јовичиќ и Гашпер Хорват, додека по пет реализации имаа Михајло Радојковиќ и Филип Главаш.
Во таборот на Целје листата на стрелци беше предводена од Алекс Влах, кој постигна седум погодоци.
Тримо Требње по седум одиграни кола го презеде лидерското место на табелата во шампионатот на Словенија, сега има 12 бодови на свое конто, исто колку и Целје, но тимот на Зорман поради денешниот убедлив триумф се позиционираше на првата позиција.