Екипата на Целје денес славеше во дерби дуелот против Тримо Требње со три гола разлика, 30:27.
По 30 минути игра резултатот беше 16:16, додека во вториот дел за нијанса беше подобар составот на Алем Тоскиќ.
Првиот дуел меѓу двете екипи заврши со убедлива победа на Тримо Требње од 31:20.
Целје со денешната победа се зацврсти на првата позиција на табелата со 38 бодови.
Тримо Требње останува во игра за шампионската титула, но на четири кола пред крајот има 34 бодови и ќе треба да се надева на неколку киксови на Целје во следните натпревари.