Шампионоте на Словенија, Целје е во потрага по играч кој би бил адекватна замена за Домен Макуц кој се сели во редовите на Барселона, а успеа да го најде кај првакот на Хрватска.
Според желбата на тренерот на Целје, средниот бек Алекс Влах би бил одлично засилување и би успеал да го пополни испразнетото место така што не би се почувствувала голема разлика во играта.
Влах е ракометар кој е од Словенија од Копер. Има 23 години и е еден од подобрите млади ракометари така што Целје посакува да го врати назад во татковината. Сепак, неизвесно е што ќе се случува бидејќи и на ППД Загреб му треба бидејќи останаа тој Мраковчиќ и Вистороп на позицијата среден бек.
Покрај Влах, во Целје имаат уште двајца млади играчи на списокот, но нив веќе ги договорија. Се работи за средниот бек Радојица Шепиќ, кој има 18 години и левиот бек Арсениј Драгашевиќ, кој е на истата возраст.