Ракометарките на Вардар ги стартуваа подготовките за новата сезона во која ќе имаат само домашни предизвици во Женската лига и во Купот на Македонија.
Под водство на новиот тренер Александар Царчев, тренинзите веќе се одвиваат, а најмногу во овој дел од подготовките се работи на физичката подготвеност.
Царчев ќе има на располагање поширок ростер на ракометарки, а дел од нив ќе се приклучат по настапот на Мундијалот во Македонија.
Во план е учество на турнирот на Ѓорче Петров кон крајот на август, како и пријателски натпревар со Панорама од Солун пред официјалниот старт на сезона.
Вардар во новата сезона ќе биде дел од групата A заедно со Чаир, Пелистер, Скопје, Гевгелија, Куманово, Спартак и Шампион.