Вардар славеше со 30-27 во полуфиналето од Ф4 на Купот на Македонија и обезбеди меч за трофеј.
Тренерот Александар Царчев вели дека на вакви натпревари победуваат оние тимови што повеќе ја посакуваат победата и ја спореди оваа ситуација со онаа на машкиот Вардар во Келн во 2017 година.
„Јас можам да се споредам со Вардар машкиот клуб кога отиде во Келн, кога беше аутсајдер, и нас сега не сметаа за аутсајдери, но не е така. Борбени се девојките, работевме феноменално, имаме одлична атмосфера. Јас и пред мечот им кажав на моите ракометарки дека денеска победуваме. На вакви натпревари не победува подобриот тим, туку оној што повеќе ја посакува победата, оној што повеќе се бори. Секоја чест на ракометарките, го оставија срцето на терен. Јас им реков оваа ви е една шанса да го подигнете трофејот и да ви го пишува во CV. Против Куманово ќе биде тежок натпревар, бидејќи моите ракометарки ќе бидат полни со самодоверба, иако се исцрпени ракометарките. Финалето ќе го реши срцето што го имаат девојките, но секако и ќе подготвиме тактички за Куманово, кој е квалитетен ривал“, вели Царчев.
Финалето меѓу Вардар и Куманово се игра утре со почеток во 15:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.