Царчев и Саудиска Арабија ги дознаа ривалите на Азиското првенство

Во исто време со Европското првенство, од 18 до ќе се игра и Азискио шампионат, а веќе се познати и четирите групи.

Македонија ќе има свој претставник на ова натпреварување. Александар Царчев е дел од стручниот штаб како тренер на голмани во репрезентацијата на Саудиска Арабија и соработува со Дидие Динар.

Саудиска Арабија беше влечена од првиот шешир и за ривалите во прелиминарната фаза ги доби Иран, Австралија и Индија и не би требало да има проблеми да го освои првото место.

Првите две места во групата водат во главната рунда, а првите две места од главна рунда во полуфиналето. Најдобрите пет репрезентации на овој шампионат ќе обезбедат пласман на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.