Поранешниот тренер на голманите на Вардар и на репрезентацијата на Македонија, Александар Царчев во последните месеци е дел од стручниот штаб на Дидие Динар во Саудиска Арабија, селекција со која денеска дојдоа до првото место на Адриатик куп во Италија победувајќи го домаќинот со 32:31.
Ова е одличен резултат за Саудијците што е добра најава за следниот период во кој се очекува натамошно кревање на формата.
Денеска на полувреме резултатот бепе 15:18, но во вториот дел беше надоместена негативата за вкупен триумф на ова натпреварување.
Покрај овој дуел денеска беше одигран и еден европски двобој на пријателските пресметки, а на него Полска го совлада составот на Холандија со 33:27.
Водечките селекции од Африка немаа поголем проблем. Египет лесно со 38:27 ја совлада селекцијата на Катар, додека Тунис се избори за победа од 36:31 против Јапонија.