Селекцијата на Саудиска Арабија го освои третото место, односно бронзениот медал на Азиското првенство во Дамам.
Избраниците на Дидие Динар, во чиј стручен штаб е Македонецот Александар Царчев, славеа над Иран со 26-23.
Предноста на Саудиска Арабија беше изградена во првиот дел, кога беше 15-12, а во вториот дел Иранците беа поконкуренти, но немаа сили за пресврт.
Покрај бронзениот медал на Азиското првенство што го играа на домашен терен, Саудиска Арабија имаше двојна добивка.
Беше обезбедено место на Светското првенство во 2023 година, а покрај Саудиска Арабија на Мундијалот патуваат Катар, Бахреин, Иран и Јужна Кореја.