Битолчани вчера собраа 60.000 денари откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на уште три битолските компании кои го поддржаа овој настан.
Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка. Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клупски дресови на битолските ракометари со нивни автограми.
Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество.