Екипата на Нексе денеска е домаќин на Еурофарм Пелистер на првиот меч од осминафиналните пресметки во СЕХА-лигата. На овој дуел домашните се надеваат на позитивен резултат со цел полесна задача на реваншот, но и битолчани посакуваат да успеат во намерите и да дојдат до добра игра и добар епилог.
„Не треба да гледаме во минатото и да се грижиме за завршените натпревари туку да се насочиме кон иднината и она што не очекува. Момците добро одработија во досегашниот дел од подготовките со помошните тренери, а јас постојано бев со нив во контакт. Имаме проблеми со ситни повреди, но за тоа не треба многу да се грижиме бидејќи денеска не чека многу респектабилен противник кој играше во Лигата на шампионите и ние сигурно мораме да бидеме на многу високо ниво на овие две средби ако сакаме во следната фаза од натпреварувањето“, изјави тренерот Хрвоје Хорват пред денешниот дуел со Еурофарм Пелистер.
Тренерот на Нексе пропушти добар дел од подготовките бидејќи беше дел од стручниот штаб на Лино Червар на Европското првенство, па на работата на тимот се приклучи пред неколку дена. Затоа денешната средба која почнува во 15 часот ќе му биде прв предизвик.