Хрватскиот вицепрвак Нексе од Нашице со победа заминува од возвратниот четврфинален дуел против Вардар во Скопје. Минималната победа остава горчлив вкус кај тренерот на младиот хрватски состав бидејќи поради повеќе постигнати голови на гостински терен Вардар ќе патува на СЕХА завршницата во Задар.
Иако Нексе имаше одлично издание и предност од четири погодоци во финишот на натпреварот, на крајот минималните 25-26 не беа доволни за пласман на Ф4 турнирот во Задар.
Помошникот на Лино Червар од репрезентацијата на Хрватска, жали за пропуштената шанса, но истакна дека не е срамота да се загуби од Вардар во Скопје.
Го имавме натпреварот, ја имавме контролата се до финишот нанатпреварот. Го преземавме водството во средина на вториот дел, но Вардар повторно покажа дека кога е во невозможна ситуација знае да се извлече. Тие имаат големо срце, и тука се две три ситници, можеби малку неискуството на неколку мои играчи овозможи Вардар да се врати во живот и на крајот тоа и да го искористи. Малку среќно, малку снаодливо, што да се каже… На крајот останува да жалиме, зошто можевме сега мирно да патуваме за Задар.
Не е срамота да се изгуби од Вардар во Скопје,ние сме на нашиот пат, почеток е на сезона, не оечкува еворпа започнува и СЕХА. Прв официјален натпревар затоа и имаше толку технички грешки на двете страни, ситници, неодговорност во игра… Но рутината се добива со играње на вакви натпревари, особено кога имате една млада екипа.-вели тренерот на Нексе, Хрвоје Хорват.
Вардар се пласираше во полуфиналето на СЕХА лигата откако во Нашице триумфираше со 31-30 и поради поголемиот број голови дадени на гостински терен ќе игра против Загреб за ново СЕХА финале во деветгодишната историја на лигата.