Надежен хрватски бек доаѓа на калење во Голден Арт!

Раководството на Голден Арт активно работи во формираањето на ростерот за претстојната сезона во која клубот ќе биде дел од суперлигашката конкуренција. Најновото име на листата засилувања треба да биде Тони Јакиќ (198/100), дознава 24ракомет. Овој 22-годишен хрватски интернационалец, кој настапува на левата и средната бековска позиција и последната две сезони ги мина во тимот на Дубровник.

Потекнува од составот на Метковиќ Механика каде играше до 2019 година, а потоа една сезона Јакиќ настапуваше за тимот на Металац. Мината сезона во дресот на Дуборвник запиша 92 погодоци на 21 натпревар. Настапот во Македонија ќе му биде прво интернационално искуство.

Тој треба да ја засили конкуренцијата на левата и средната бековска линија на Голден Арт каде што минатата сезона најчесто играа Христијан Милошески и Ивица Илиев.

Претходно Голден Арт ги донесе пивотите Александар Налетоски и Марко Трајковски, голманите Мартин Павличковски и Петар Виларов, десното крило Мице Шилегов, како и десните бекови Пеце Рајатоски и Дејан Гошевски.

Голден Арт во новата сезона во Суперлигата ќе игра во групата Б заедно со екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.