Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од петтото коло во Лигата на Европа.
На дуелот меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер правдата ќе ја делат хрватските судии Цинриќ и Гонжурек, додека делегат ќе биде Јанко Пожежник од Словенија,
Овоој натпревар ќе се игра во Љубљана на 1 декември во вечерниот термин од 20:45 часот.
Дуелот на Металург против Чеховски Медведи што требаше да се игра на 1 декември во Скопје е презакажан за 11 декември и ќе се игра во Чехов.