Данската ракометна репрезентација се искачи на светскиот ракометен трон откако во финалето на Мундијалот во Полскa и Шведска триумфираше над Франција 34-29.
Со тоа беше спуштена завесата на 28-от ракометен Мундијал, но по неговото завршување на површина почнаа да излегуваат некои работи кои говорат за тоа дека и не било се така перфектно во организацијата на истиот. Потврда за тоа стигна и од претседателот на турнирскиот одбор на ИХФ, Пер Бертелсен кој призна дека организацијата на ова СП не беше на високо ниво.
Навивачите имаа многу поплаки, а сведоштвото од хрватски фан само ја потврдува конфузијата и нееднаквиот третман кон навивачите од страна на ИХФ.
Ќе дадам само еден кратот осврт за тоа како ни беше тамо. Неколку дена пред почетокот на СП добивме меил од организаторите дека нема да можеме да седиме на своите места. Им го одземаа местото на хрватските навивачи за да можат тука да постават студио (се прашувам зошто не направија така на данскиот сектор). Ни беше ветено дека ќе имаме добри места, но од 5-ти ред не префрлија на 13-ти, па дури и некои од навивачите ги раштркаа насекаде низ салата само да не бидеме сите заедно на едно место. Прашавме преку меил кои навивачки реквизити се дозволени за влез во салата а кои не, на што добивме одговор дека труби и мегафон не смее, а се друго е дозволено. Кога вложивме големи напори да донесеме тапани во Малме, не ни беше дозволено да внесеме, додека на данските навивачи им беше дозволено да внесат плус со труби и чинели. Имаше константни навреди од данските навивачи, како и свирење на нашата химна. Со оглед на тоа дека бевме сместени кај нивниот дел не ни беше дозволено да стоиме додека навиваме, константно бараа да седнеме доле и викаа полиција и обезбедување иако во тој момент не играше нивната репрезентација. Има уште многу такви ситиации за прераскажување ама ете за почеток и ова доволно чисто да се знае што ни прават такви господа. Нека знаат сите дека хрватските навивачи тоа го приватија со гордост и насмевка, бидејќи знаеме дека во следните две години ние ќе играме на домашен терен и нема да никаков попуст за скандинавците. За сето ова ќе го информираме Хрватскиот ракометен сојуз и ИХФ иако знаеме дека ништо нема да се промени.-
Домаќини на Светското првенство 2025 година ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска.