Хрватскиот десен бек има шпански двојник: Степанчиќ ли е – не е, Гурбиндо е…(ФОТО)

Ракометарот на Хрватска, Лука Степанчиќ се чини дека има двојник од Шпанија кој е исто така ракометар. Станува збор за десниот бек на Нант и повремен репрезентативец на Шпанија, Едуардо Гурбиндо.

Ракометарите се родени во ист месец што е уште една сличност, а до минатата сезона настапуваа во исто првенство, во Франција, пред Степанчиќ да замине во ПИК Сегед.

Лука и Едуардо неверојатно наликуваат еден на друг, само што Хрватот е покрупен. Уште поинтересно е тоа што и двајцата се левучари и настапуваат на истата позиција, десен бек.

Иако толку многу наликуваат, сепак изборот на поубавата половина е различен. Степанчиќ е во брак со Ана Степанчиќ која е русокоса, а Гурбиндо за партнерка ја избра Македонката, Елена Милева кој е бринета.