Репрезентативците на Хрватска рутински ја одработија задачата во 3. коло од групата Ц и ја остварија потребната победа која им го отвора патот кон главната фаза. Хрватска ја совлада Украина со 38:25.
После воведните минути и израмнета игра избраниците на Хрвоје Хорват ги преземаа работите во свои раце. Јелиниќ, Лучин и Мариќ потигнаа последователни голови за првпат три предност на Хрватска во 13. минута.
До крајот на првото полувреме Хрватите успешно ја чуваа позитивата, сите напади на Украина беа одбиени и на одморот заминаа со солидна предност. После 30 минути игра Хрватите имаа водство од 18:13 и беа на добар пат кон триумф.
Во продолжението на натпреварот Украина беше немоќна да се спротивстави на фаворизираниот противник. Нивната негатива постојано се зголемуваше, веќе во 36. минута беше решен победникот кога Хрватска со головите на Мартиновиќ и Јелениќ стигна до осум гола позитива, 22:14.
Ваквата разлика се одржа до завршнте десет минути кога Хрватите стигнаа и до двоцифрена разлика. Во завршните неколку минута Украина прими уште неколку брзи гола и со пораз се прости од Европското првенствто.
Најефикасни во репрезентацијата на Хрватска беа Мариновиќ и Шипиќ со по седум гола, додека Јелиниќ погоди шестпати. Во екипата на Украина, Артеменко беше прв стрелец со пет погодици.
ЕП 2022, ГРУПА Ц – ТАБЕЛА