Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват, мораше да повика петмина нови ракометари за продолжението на Европското првенство.
Поради многуте заразени со коронавирус, Хорват не сака да ризикува да остане со скратен ростер, па повика нови ракометари.
Меѓу нив и десниот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој мина дел од подготовките со Хрватска но потоа отпадна од списокот.
Покрај Мараш во Будимпешта треба да пристигнат и голманот Кристијан Пилиповиќ од Кадетен, левиот бек Иван Слишковиќ од Порто, десното крило од Загреб – Владо Матановиќ, како и голманот од Нексе, Доминик Кузмановиќ.
Хрватска се пласира во главната рунда и таму ќе игра Црна Гора, Данска, како и најдобрите две меѓу Унгарија, Исланд и Холандија.