Хрватска со овој тим би можела до медал на ЕП, но Хорват не ги повика играчите

Репрезентацијата на Хрватска на ова Европско првенство ќе има нешто подновен тим во однос на претходните натпреварувања, a во составот ќе нема добар дел на искусни ракометари кои доколку се на терен можат многу да помогнат.

Селекторот Хрвоје Хорват се одлучи да им даде шанса на други ракометари, а се откажа од услугите на Шего, Штрлек, Мандалиниќ, Павловиќ, Ивиќ, Хорват и Мариќ.

На овој список може и Карачиќ, но тој останува како прва резерва и би можел да патува во Унгарија доколку некој од актуелниот состав не биде во можност да настапи.

Направен е интересен состав односно идеален тим кој сигурно би можел до убав резултат на еден шампионат поточно би можел да се бори за медал и на ова Европско првенство.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА ХРВАТСКА ОД НЕПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

ГОЛМАН: Марин Шего (Монпелје)

ЛЕВО КРИЛО: Мануел Штрлек (Веспрем)

ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер)

СРЕДЕН БЕК: Домагој Павловиќ (Мелзунген)

ДЕСЕН БЕК: Шиме Ивиќ (Лајпциг)

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Дабас)

ПИВОТ: Марино Мариќ (Мелзунген)