Хрватска имаше лесна задача на отворањето на главната фаза на Светското првенство во Египет. Бахреин не беше достоен противник за европските вицепрваци, коцкестите имаа предност во текот на целиот натпревар и со конечен резултат 28-18, ги запишаа првите бодови во вториот круг, први во група II.
Избраниците на Червар уште од самиот почеток најавија дека Бахреин нема што да бара на овој дуел. Со воведните 3-0 по пет минути Хрватите си обезбедија мирно полувреме во кое ја зголемуваа разлика и градеа својата форма. На средина на првиот дел каубоите имаа предност од седум голови, а до крајот иако со многу промени во составот Хрватска се задржа на пет голови разлика. Двете екипи на пауза заминаа со резултаат 13-8.
Вториот дел продолжи по исти ноти. Се менуваа играчите во составот на Хрватска, а разликата се зголемуваше. На средина на вториот дел, кога хрватските ракометари се опуштија, Бахреин со низа голови го врати натпреварувачкиот дух во овој дуел. Имаа напад за четири голови негатива, но не успеаа да реализираат, а тоа беше повод за тајм-аут за селекторот Лино Червар. Во последните десет минути Хрватите влегоа повторно со солиден капитал на нивото конто од седум погодоци, разлика која ја одржуваа до крајот на натпреварот. Во рутинирана завршница хрватските ракометари предводени од Карачиќ, кој го забележа својот прв настап на овој Мундијал, го совладаа Бахреин со конечни 28-18.