Ниту во вториот натпревар Хрватска не брилираше на Светското првенство. Овојпат против послаб противник, африканскиот претставник Ангола, Хрватска по многу проблеми после 40 минути успеа да ја најде добитната комбинација и да ја забележи првата победа на Мундијалот по нерешениот дуел со Јапонија. Хрватска успеа да ја пронајде својата форма кон крајот на натпреварот за убедливи 20-28.
Расположените африканците почнаа силно и по неколку минути ја преземаа контолата над резултатот. Сепак Ангола минималното водство не успеа да го задржи долго, па во осмата минута Брозовиќ ја одведе Хрватска во минимална предност. Следуваше одговор од три голови за Ангола. Африканските претставници ја одржуваа предноста во поголемиот дел од полувремето. Дури во 20 минута преку контра напад Штрлек го врати водството за Хрватска од 6-7, а ниту голот на Мамиќ за два разлика не ги разбуди заспаните „каубои“. Ангола возврати и го презеде водството, одржувајќи го до самиот крај на првиот дел. Сепак Чупиќ на секунди пред крај на полувремето и овозможи на Хрватска да замине со гол предност од 11-12.
Второто полувреме продолжи во ист стил, во играта гол за гол Хрватите имаа два погодока разлика, а отпорот на Анголците го пробија во 40. минута кога со низа од три голови направија разлика од „плус пет“, 13-18. Анголците до крајот на натпреварот најблиску до Хрватите беа на „минус три“ на средина на второто полувреме. Сепак големиот број исклучувања, грубата игра и двата црвени картони не им овозможија на Анголците да се надеваат на повеќе. Хрватска ја продолжи својата игра и стигна до највисоки осум голови, разлика со која влегоа во последните десет минути од натпреварот. Во рутинска завршница Червар им даде шанса и на речиси сите опции на клупата, а Хрватска успеа да ја задржи високата предност за конечни 20-28.
Ангола останува без бодови и во последното коло својата среќа за влез во вториот круг ќе ја бара преку Јапонија. Хрватска со овие два бода веќе е во втората фаза, а во последното коло ќе бара бодови повеќе во директен дуел со Катар.