Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.
На дуелот меѓу Вардар и Веспрем „главни“ ќе бидат хрватските судии Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.
Делегат на оваа средба ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем ќе се одигра на 31 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.