Селекторот на Хрватска, Лино Червар, објави список од 18 ракометари со кои ќе ја започне првата фаза од подготовките за Мундијалот во Египет.
Собирот ќе биде на 26 декември, а нема да бидат присутни играчите што ќе играат на завршниот турнир во Келн како и Игор Карачиќ.
На првичниот список за Червар се наоѓаат тројца ракометари на Вардар – Векиќ, Јотиќ и Чупиќ, како и еден ракометар на Металург – Златко Хорват.
Хрватска како дел од подготовките ќе одигра два меча против селекцијата на Шпанија во рамките на ЕХФ Евро Купот, во Мадрид и Пореч.