Поранешната германска репрезентативка и екс-вардарка Ања Алтхаус, која како македонска снаа остана да живее во Македонија смета дека настапот на Хрватска од последното ЕП, треба да биде пример кој нашата женска репрезентација треба да го следи во пресрет на ЕП 2022 во кое ќе бидеме еден од ко-организаторите.
„Го следев настапот во квалификациите и мислам дека има потенцијал во тимот, но потребни се мали промени за да биде уште подобро. Ќе направам една споредба со Хрватска на последното ЕП, односно мислам дека Македонија треба да го земе нивниот пример. Тие немаа што да загубат, сите ги гледаа како аутсајдери на првенството и затоа играа од задоволство. Одамна немав видено тим како нив, кој навистина само уживаше да игра, со многу енергија и тоа им донесе резултат. Се држеа како тим и играа од задоволство. Замислете ако игра Македонија следната година со такво задоволство како Хрватска и плус на домашен терен, со таква неверојатна поддршка од публиката, не се сомневам дека имате шанси за добар резултат. Можеби не за финале, но за да бидете пријатно изненадување за кое сите ќе зборуваат на првенството.“
Комплетното интервју со Алтхаус прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АЊА АЛТХАУС: Се восхитувам на страста, љубовта и талентот кои ги има македонскиот ракомет