Хрватска легенда презема второлигаш

Еден од легендите на хрватскиот ракомет, Валтер Матошевиќ во следната сезона ќе има нов предизвик. Прославениот голман на хрватската репрезентација ќе го предводи второлигашот Рудар од Лабин.

Раководството на амбициозниот клуб од Лабин по освоеното 3. место во второто по ранг натпреварување во Хрватска, веќе почна да работи на комплетирање на тимот и стручниот штаб за претстојната сезона, а првото засилување беше токму хрватската легенда.

Матошевиќ во својата играчка кариера настапуваше за голем број на клубови, Беше дел од Замет, Метковиќ, Загреб, Пореч, Вецлар, Либек, Копенхаген, Портланд Сан Антонио…

На репрезентативно ниво го носеше дресот на Југолавија и Хрватска, но за поранешна Југославија играше краток период. По осамостојувањето на Хрватска беше прв голман во редовите на „коцкестите“.

Со репрезентацијата на Хрватска освои златен медал на Олимписките игри во Атланта (1996) и Атина (2004), како и златен медал на Светското првенство во 2003 година, кое се одржуваше во Португалија. Во својата колекција на медали има и сребрен медал од Мундијалот во 1995 година, односно континенталниот собир една година порано, 1994.

Во тренерската кариера беше предводник на Замет и Морнар Цриквеница. Работеше и како тренер на голманите во младинската и сениорската репрезентација на Хрватска.