Домаќинот на Мундијалот за кадети, Хрватска, стигна до полуфиналето на ова натпреварување без да загуби ниту еднаш на натпреварите од групната и главната рунда, но падна на клучниот испит во полуфиналето против Шпанија.
Сепак го освои бронзениот медал по триумфот над Египет во мечот за третото место со 39-37. Еден од ракометарите што им „влезе во око“ на ракометните стручњаци и на јавноста е средниот бек Вито Гливетиќ, член на Рудар.
Тој има 18 години и многу потсетува во играта на Лука Циндриќ.
„Играм откако сум дете, растев гледајќи го Лука Циндриќ. Не знам како станав среден бек, но секогаш му се воситував на неговата игра и на неговиот стил“, вели Гливетиќ.
Гливетиќ своите први чекори ги прави во малиот клуб Рудар, нешто слично како Циндриќ кој потекнува од Огулин, а се појави на сцената во Карловац пред да се пресели во Македонија каде блесна во сиот сјај.