Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Горан Перковац го имаше првиот репрезентативец собир со своите избраници.
Хрватска во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 ја очекува двомеч со селекцијата на Холандија.
Од поширокиот список на играчи отпаднаа кружниот напаѓач Марин Шипиќ поради повреда и средниот бек Лука Циндриќ поради болест.
Перковац поради отсуството на Шипиќ реши да го повика Никола Граховац од резервниот список. На списокот има неколку повратници во репрезентацијата по долго отсуство.
Тука се Мануел Штрлек, Лука Степанчиќ, Илија Брозовиќ, екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и за прв пат Марио Шоштариќ кој се стекна со право на настап за хрватската репрезентација.
Избраниците на Перковац на Холандија ќе и гостуваат на 8 март. Реванш средбата ќе се одигра на 11 март во Осијек.
Ракометарите на Хрватска освен со Холандија ќе треба да ги одиграат реванш дуелите против Грција и Белгија, репрезентации квротив кои запишаа победи во првите натпревари од квалификациите.