Хрватската репрезентација имаше лош старт на Мундијалот во Полска и Шведска откако загуби на првиот меч од Египет.
Еден од членовите на „златната генерација“ на Хрватска Петар Метличиќ, покрај анализите на мечевите, жестоко ја нападна Светската ракометна федерација ИХФ за ковид тестирањата, кои се присутни на секои 72 часа на Мундијалот.
ИХФ повторно се покажа како несериозна организација. Целиот свет сака да ја заборави пандемијата на КОВИД и мерките, а тие (ИХФ) пак нешто измислуваат, место нешто посериозно да работат. Знаеме дека сите губиме така. Играчите се напнати, нервозни чекаат дали ќе бидат позитивни или негативни. Ги нема најдобрите играчи поради тестовите, а сите сакаат да ги гледаат најдобрите на терен. Сметам дека добро ќе биде да мислат малку на правилата на играта, на популаризацијата на „нашата игра“, изјави Метличиќ во студискиот дел од емисијата на РТЛ посветена на ракометниот Мундијал.
Метличиќ веќе неколку години е родовен гостин во емисиите посветени на ракометните првенства.