Хрватките со многу проблеми пред најважните двобои за ЕП во Македонија

Селекторот на хрватските ракометарки Ненад Шоштариќ денес во Загреб ги собра ракометарките кои оваа недела ги чекаат двата завршни натпревари во квалификациите за Европското првенство кое кон крајот на годината ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.

На основниот список кој беше објавен пред десетина дена се наоѓаа 21 ракометарка, а на тој список имаше дури пет голманки затоа што три од нив (и тоа првите голманки) се мачеа со повреди. Денешниот собир покажа дека Теа Пијевиќ дефинитивно отпаѓа. Ивана Капитановиќ исто така се жали на болки и последниот збор ќе го има лекарскиот тим. Луција Бешен во саботата доби дозвола, но 10 дена е без ракометен тренинг, па затоа и таа е под знак прашалник.

Во ваква ситуација своето место го пронајде Антонија Туцаковиќ која во последните неколку месеци брани одлично за Подравка, а после подолго време повторно во репрезентацијата е Габриела Бартуловиќ, постарата сестра на Луција Бешен.

Тука не е крајот на лошите вести за Хрватките. Двата следни натпревари ќе ги пропушти Катерина Језиќ, виси настапот и на Чамила Мицијевиќ, додека од претходно е познато дека ја нема Лариса Калаус.

Хрватска во среда ќе игра против Украина, додека во недела ќе оди на натпревар против Чешка. За пласман на Европското првенство на Хрватска и се потребни две победи.

СПИСОК НА ХРВАТСКА