Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на Европа.
Еурофарм Пелистер на домашен терен игра со португалскиот тим Агуаш Санташ делегираше хрватски арбитри.
Станува збор за Марко Мрвица и Далибор Јуриновиќ, додека делегат на оваа средба ќе биде Јоанис Меимаридис од јужниот сосед на Македонија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ се игра во „Боро Чурлевски“ во вторник со почеток од 20:45 часот.