Хрватска одигра епски натпревар против светскиот првак Данска и ремизираше 32-32. Така останаа шансите за полуфинале, иако ударот на Лука Циндриќ во последните секунди лесно можеше да заврши во голот на Данците.
Сега во игра ќе биде теоријата за пласманот во четвртифинале, а за хрватските легенди Петар Метличиќ и Горан Шпрем имаа остри реакции по мечот.
„Хрватска играше добро, направивме малку грешки. Заслуживме победа, но овие шпански судии се катастрофа. Па тие не ги знаат ниту основните ракометни правила. Гидсел? Никогаш нема да биде голем играч. Дувњак дојде да му пружи рака и да се извини, но за мене тој никогаш нема да биде голем играч. Имавме се за голем резултат, игра и 32 гола. Ландин беше расположен, нашите голмани исто. За големи резултати мора да имаме континуитет, не може да бираме – денеска сакаме, утре не сакаме“, вели Метличиќ.
Во првиот дел, при резултат 6-5, Домагој Дувњак направи малку погруб фаул над Матијас Гидсел, веднаш се извини, потоа уште еднаш па третпат, но Данецот не сакаше да пружи рака и не покажа почит кон капитенот на ривалот.
„Гидсел треба да се засрами. Дувњак дојде да му пружи рака и да се извини, но…Тоа сигурно ќе му биде запаметено. Ова е Циндриќ што сакаме да го гледаме, Шипиќ денеска беше играч на меч, а секоја чест и на Филип Главаш. Сега ми е уште повеќе жал поради поразот од Египет, но мораме да имаме квалитет и континуитет. Денеска беше одличен натпревар, но ни треба уште подобра игра“, вели Шпрем.
За Хрватска остануваат уште средбите со Белгија и Бахреин, како и пресметката на гол разликата, која веројатно ќе одлучува кој тим ќе оди во четвртфинале.