Ракометниот сојуз на Хрватска ја информираше јавноста дека главната звезда од нивната репрезентација, Домагој Дувњак, добил негативен резултат на ПЦР тестирањето.
Ракометарот на Кил поради болки во грбот ќе остане на терапија во Хрватска, а неговото приклучување во хрватската репрезентација би требало да биде за неколку дена.
Лука Циндриќ немаше среќа на новото тестирање и повторно доби позитивен резултат. На екс ракометарот на Вардар во текот на утрешниот ден повторно ќе му биде извршено ново тестирање на коронавирус.
Пред самото заминување за Сегед, селекторот, Хрвоје Хорват го соопшти конечниот список на ракометарите за континенталниот собир.
Хрватите се наоѓаат во Групата Ц заедно со селекциите на Франција, Украина и Србија. Првиот натпревар ќе го одиграат на 13 јануари против Франција, со почеток од 20:30 часот.