Некогашниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, ќе биде замената за Кире Лазаров во францускиот тим Нант.
Тој по четири сезони заминува од Унгарија, откако таму играше две сезони за ПИК Сегед и ја игра втората во тимот на Веспрем.
Македа беше дел од Вардар исто така две сезони и со македонскиот шампион стигна до титулата во Лигата на шампионите.
Шпанскиот десен бек потпиша договор со Нант до 2024 година, а ова ќе биде негово враќање во Франција каде што играше од 2013 до 2016 година.
Претходно беше дел од Барселона, Арагон и Алкобендас.