Ракометарите на Вардар в недела ги очекува првиот меч од двобојот со Нексе во четврт-финалето од СЕХА лигата, а прво ќе треба да се одработи дуелот на гостувањето во Нашице. Ова ќе биде тешка средба на која дефинитивно ќе мора да се даде максимумот.
Домаќините ги имаат зголемено своите апетити после победата против Еурофарм Пелистер, па сега сакаат да дојдат до победа и против Вардар, но и самите се свесни дека тоа ќе биде повеќе од тешко.
„Секоја екипа има свои проблеми, а јас сум сигурен дека во недела ќе бидеме вистинските и ќе прикажеме една добра партија со цврста и агресивна одбрана и така ќе се обидеме да стекнеме предност за реваншот. Во минатиот двобој против Сесвете се виде колку ни недостигаат натпреварувачки дуели. Ќе повторам, не е сè идеално, но ние ќе одиграме најдобро што можеме. Што се однесува до здравствениот билтен не радува фактот дека Сршен се врати на тренинзите и сигурен сум дека во завршницата на првенството ќе ни помогно, а мораме уште да видиме како ќе помине рехабилитацијата на Марко Бувиниќ. Треба да бидеме храбри и полни со самодоверба и пред домашната публика да покаѓеме колку вредиме“, вели тренерот на Нексе, Хрвоје Хорват.
Натпреварот се игра утре од 17 часот.