Селекторот на хрватската репрезентација Хрвоје Хорват го објави првичниот список на ракометари што ќе се појават на стартот на подготовките за ЕП.
На него ги нема играчите од Бундес лигата, кои подоцна ќе се приклучат, а на овој список од 20 ракометари, имаше место и за тројца што настапуваат во македонската Суперлига.
Станува збор за средниот бек на Вардар, Анте Гаџа, десното крило на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ и десниот бек на битолчани, Матео Мараш.
Хрватска ќе игра во групата Б во Сегед, со Србија, Франција и Украина.