Ракометарот кој го напушти Металург и ја продолжи кариерата во редовите на Дабас од Унгарија, Златко Хорват е лидер на стрелците после завршувањето на есенскиот дел од сезоната односно после 16 одиграни кола.
Хорват за еден гол не успеа да стигне до стотка. Тој заврши со 99 погодоци, но од 14 одиграни средби бидејќи на два дуели не настапи.
Јасно е дека напролет ќе дојде до смена на врвот и другите кои се во топ 10 ќе можат да го заменат на првото место бидејќи разликата не е голема. Остануваат уште шест кола до крајот на регуларниот дел и почетокот на плеј-офот.