Хрватите имаа шанса со триумф над Данска да си го обезбедат местото во четвртфиналето на СП, но наместо тоа, се случи потоп и пораз од 12 голови разлика, 38-26.
Десното крило на „коцкестите“, Златко Хорват, вели дека секоја победа е лекција, а поразот уште поголема лекција.
„Секоја победа е лекција, а во поразот уште е поголема. Мораме да останеме цврсто на земја. Мораме да и честитаме на Данска, цело првенство играат одлично. За нив беше небитен натпревар, можеа и да загубат, но се виде дека се желни за игра и беа опуштени. Нас ни фалеше компактност, жал ми е што не продолживме во вториот дел исто како во првиот. Мора да го прифатиме поразот. Се виде колку ни значат, Циндриќ, Дувњак и Карачиќ кога се здрави. Кога еден од нив е на топ ниво, ние сме опасни. Тие знаат да ги разбудат и останатите играчи и сга гледаме колку ни недостигаат нивните најдобри изданија“, вели Хорват.
Хрватска веќе во март ја чекаат квалификации за Олимписките игри во Монпелје, на кои ќе игра со нов селектор.