Селекторот на хрватската репрезентација Хрвоје Хорват, го објави конечниот список од 18 ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
По пријателскиот двобој против Словенија, од списокот на Хорват отпаднаа пелистерецот Матео Мараш, Тин Лучин, а повик немаше ниту за Мануел Штрлек, Марино Мариќ, Марин Шего…
Игор Карачиќ поради премореност ќе го пропушти ова ЕП, но доколку има потреба му ветил на Хорват дека ќе се појави во Унгарија.
Шанса за настап ќе добие вардарецот Анте Гаџа, кој се најде на последниот список на Хорват. Хрватска ќе игра во Сегедин против селекциите на Франција, Србија и Украина.
Хрватите ќе одиграат уште две пријателски средби пред настапот на континенталниот собир – против Русија и Босна и Херцеговина во Осијек.