Селекцијата на Хрватска е втор ривал на пријателските натпревари пред Светското првенство во Полска и Шведска.
Хрватите имаат големи проблеми со ростерот, селекторот Хрвоје Хорват не може да смета на дел од ракометарите, но без проблем ја совладаа Италија, а сега ги чекаат средби со Македонија и Израел.
„Моите момци одработија одлично, сите сфаќаат дека играњето во репрезентацијата не е само уживање и убавина, туку е работа, жртвување и мака. Заморот е присутен, но одиме во добра насока, пред последните две проверки, ќе видиме кои работи треба да ги коригираме. Македонија е репрезентација која ќе бара од нас максимален ангажман. Тие знаат да напаѓаат добро. Јас очекувам два добри меча, да видиме колку сме се доближиле до она што треба да го играме на Светското првенство“, вели Хорват.
Македонија и Хрватска ќе играат вечерва од 20:15 часот, утре е средбата меѓу нашата селекција и Израел во истиот термин, а в недела ќе играат Хрватска и Израел.