Легендарниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски ќе го води бундеслигашот Вецлар на неодредено време, откако овој клуб реши да се раздели со досегашниот стратег Хрвоје Хорват.
Хорват го презема тимот во декември, но немаше добри резултати, Вецлар влезе во опасната зона.
Поранешниот хрватски селектор го информирал раководството дека веќе има потпишано договор за следната сезона со друг европски клуб, а тоа особено ги налутило челниците кои решија да му дадат отказ.
Во Вецлар игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој дојде во бундеслигашот по СП 2023 година.
Од раководството на германскиот клуб истакнаа дека имаат полна доверба во Филип Миркуловски, кој заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ ќе го води Вецлар на дуелот со Гепинген, а потрагата по нов тренер веќе е започната.