Репрезентативецот на Чешка, Павел Хорак кој добро го познаваме од репрезентативните настапи против Македонија за германските медиуми изјави дека со нетрпение очекува да игра на завршниот турнит во Келн.
Хорак е член на Кил од 2019 година, а дојде од Мешков Брест. Чехот го продолжи договорот со шампионот на Германија за уште една година и се надева на освојување на Лигата на шампионите во декември.
„Сакаме да освојуваме титули и јас сум подготвен да помогнам во тоа. Никогаш не сум играл на завршниот турнир од Лигата на шампоините во Келн – тоа е сон. Исто така сакам да го освојам и Купот на Германија. Овие се двата најважни турнири за кои се подготвувавме пред да биде прекината сезоната“, рече Хорак.
Хорак кариерата ја започна во Баник Карвина од каде што замина во германското првенство и таму настапуваше 11 години во екипите Ахелер, Гепинген, Фуксе Берлин и Ерланген пред да замине во Мешков Брест во 2017 година.