Холанѓаните ги запреа Црногорците, им го наполнија голот

Репрезентацијата на Холандија успеа да ги запре залетаните Црногорци кои го прифатија брзиот ритам на игра и се загубија на теренот така што на карјот „лалињата“ славеа со 34:30.

Црна Гора имаше убав старт со поддршка на Симиќ кој одбрани неколку удари во серија. Тоа овозможи да го имаат водството и да бидат во предност и од плус три, првпат со 7:4. Дојде и до плус четири, 10:6 и тука почна да паѓа ритамот бидејќи селекцијата на Холандија влезе во подобар ритам.

Иако беа без селекторот и двајцата голмани, Холанѓаните имаа добра замена бидејќи замените одработија одлично. На негативата од четири гола одговорија со засилен ритам и подобра одбрана. Успеаја со играта која се очекуваше од Црногорците да го добијат противникот, да го свртат резултатот и на одмор да заминат со 18:16.

Во вториот дел продолжи надигрувањето. Иако имаше многу голови, Холанѓаните успеаја да стигнат до победата со подобра одбрана. Продолжија да играат поцврсто и снаодливо. Многу топки пресекоа и успеаја да стигнат до убава предност така што знаеја како да издржат до крај и да стигнат до триумф.

Црногорците изгореа во желбата, а се чини и дека мислеа лесно ќе обезбедат триумф и тука паднаа во потребниот ритам така што во финишот не можеа да парираат и мораа да се помират со пораз така што после три победи во серија застанаа и претрпеа пораз.

22 јануари 2022
30 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 јануари 2022 17:54 EURO22 1GRUPA 2021/2022 22.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЦРНА ГОРА1630Пораз
ХОЛАНДИЈА1834Победа

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило01
7Стефан Чавордесен бек03
8Вук Лазовиќпивот01
9Радојица Чепиќцентрален бек06
11Бранко Вујовиќдесен бек06
14Милош Вујовиќлево крило02
16Небојша Симиќголман00
18Небојша Симовиќпивот00
20Стеван Вујовиќлев бек02
21Васко Шеваљевиќлев бек10
24Милош Божовиќлев бек23
25Марко Ласицадесно крило01
26Ристо Вујачиќдесен бек00
32Божо Анѓелиќцентрален бек01
90Немања Грбовиќпивот04
 Вкупно 330

ХОЛАНДИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Ивар Стравастцентрален бек00
4Ларс Коијпивот00
6Нико Блаувцентрален бек00
9Флоран Буржецентрален бек00
12Лук Стеинсцентрален бек26
13Самир Бенганемпивот05
14Боби Шагендесно крило02
17Иво Стеинспивот00
22Јаспер Адамслев бек01
27Алек Смитдесно крило10
31Кај Смитсдесен бек19
32Томи Фалкелево крило16
34Том Јансендесен бек00
36Рене де Кнегтголман00
70Тис ван Леувенголман00
77Дани Бајенсцентрален бек05
 Вкупно 534

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА32105
2ГЕРМАНИЈА32014
3МАКЕДОНИЈА31022
4ШВАЈЦАРИЈА30121