Еден од водечките играчи на репрезентацијата на Холандија, Кај Смитс е рекордерот според бројот на одиграни натпревари во 2022 година.
Тој во претходната година одиграл вкупно 72 натпревари за својот тим и репрезентацијата на Холандија.
Оваа анализа е направена од порталот „Data Handball“, а дури седум играчи од врвот се ракометари на бундеслигашот Магдебург, пет од нив имаат одиграно 70 и повеќе натпревари.
Холанѓанецот Смитс, со исклучок на периодот на одмор играл на секои 3,8 дена.
Ракометарите на Магдебург се најдоа на врвот од причина што играа во првенството, Купот и Суперкупот на Германија, потоа во Лигата на шампионите, Европската лига и Супер Глоуб.
На листата од ТОП 10 играчи со најмногу натпревари во 2022 година се следниве играчи:
Кај Смитс (Магдебург/Холандија) 72
Омар Инги Магнусон (Магдебург/Исланд) 71
Гисли Кристјансон (Магдебург/Исланд) 70
Филип Вебер (Магдебург/Германија) 70
Кристијан О’Саливен (Магдебург/Норвешка) 70
Пјотр Чрапковски (Магдебург/Полска) 68
Магнус Саугструп (Магдебург/Данска) 68
Гонзало Перез де Варгас (Барселона/Шпанија) 67
Харалд Рајнкинд (Кил/Норвешка) 67
Мелвин Ричардсон (Барселона/Франција) 67