Селекторот на машката сениорска репрезентација на Холандија, Ерлингур Ричардсон ги соопшти имињата за настап на Европското првенство кое ќе стартува на 13 јануари и ќе се игра во две земји, Унгарија и Словачка.
Холандија ќе биде предводена од ракометарот на ПСЖ, Лук Стеинс. Меѓу патниците за Будимпешта во холандскиот ростер се наоѓаат и шест дебитанти – Флоран Бурже, Том Јансен, Денис Шелекенс, Алек Смит, Ивар Ставаст и Рутгер Тен Велде.
Во првата фаза од натпреварувањето во Будимпешта, избраниците на Ричардсон ќе се соочат со Унгарија, Исланд и Португалија. Својот прв натпревар ќе го одиграат на 13 јануари против домаќинот Унгарија.
Холанѓаните подготовките ги стартуваа со учество на турнир во Гдањск пред крајот на 2021 година. На 6 и 8 јануари ќе одиграат пријателски натпревар против селекцијата на Шведска.