Холандија остана без голманката за двобојот со Македонија – Тес Вестер е бремена (ФОТО)

Репрезентативката на Холандија и членка на ЧСМ Букурешт, Тес Вестер, ја очекува подолга пауза од ракометните терени поради приватни причини.

Холанѓанката, која на почетокот на оваа сезона пристигна во ЧСМ Букурешт, во текот на денешниот ден објави дека е бремена.

Вестер, заедно со нејзиниот партнер, Март Лидер, кој настапува за фудбалскиот клуб Емен, преку социјалната мрежа Инстаграм го најавија претстојното надополнување во семејството.

Оваа вест значи дека репрезентацијата на Холандија која е еден од противниците на Македонија на Европското првенство во ноември, ќе биде драстично ослабена, бидејќи покрај Вестер, бремена ѐ и најдобрата ракометарка во репрезентацијата, Луис Абинг.