И пред натпреварите од последнното коло во групата 2 беше јасно дека сигурен полуфиналист е Норвешка, а дека Хрватска и Германија ќе се борат за второто полуфинално место на Европското првенство во Данска.
Холандија ја победи Романија во последното коло со 35-24, но дури и Германија да ја совлада Хрватска, па да има круг, секако светските шампионки ќе имаа најслаба гол разлика од сите три репрезентации, -1.
Избраничките на Емануел Мајонад си го фатија редот уште од стартот, поведоа со 5-1, потоа Романките успеаја во еден момент да намалат на минус еден, 8-7, но на пауза се замина со предност на „лалињата“ од плус четири, 16-12.
По шест минути игра во вториот дел, Романија намали на два гола разлика, но тоа беше се од нив и бродот почна да тоне. Холанѓанките само ја билдаа разликата до конечните 35-24.
Кај Романките не настапи Кристина Неагу, а најдобри стрелци беа Ласло со седум и Полокосер со шест погодоци, додека кај Холандија се истакна Ван Ветеринг со осум гола, а голманката Вестер забележа 11 интервенции.
Ако Германија слави над Хрватска, тогаш Холандија ќе биде најмногу седмо место, ако Хрватките пак ја победат Германија, тогаш Холандија ќе игра за петто место на ЕП. Романија на 12 место на континенталниот собир.