Откако денеска беа одиграни полуфиналните дуели на Светското првенство во Јапонија, по кои стана јасно дека селекциите на Холандија и Шпанија ќе се борат за трофејот в недела. Сепак, не само што ќе се борат за титулата на овој Мундијал туку тие се борат и за директен пласман на Олимписките игри во Токио следното лето.
Победникот ќе добие две големи работи со 60 минути, а кој ќе се радува ќе се види после одигрувањето на финалето.
Инаку, јасно е дека поразениот од овој дуел оди во Групата 1, победникот од мечот за 3. место меѓу Норвешка и Русија оди во Групата 2, а поразениот во Групата 3 од квалификациите за Олимписките игри.
Веќе е јасно дека пласман на игрите во Токио покрај домаќинот Јапонија имаа тобезбедено и Франција (Европски првак), Бразил (Шампион на Пан Американските игри), Јужна Кореја (Азиски првак) и Ангола (Првак на Африка). Тука ќе се приклучи и светскиот првак, а другите шест учесници ќе ги дадат квалификациите.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ
ГРУПА 1: Шведска, Аргентина, Сенегал
ГРУПА 2: Србија, Кина, Унгарија
ГРУПА 3: Црна Гора, Романија, Северна КОреја