Еден од ривалите на Македонија на претстојното Европско првенство, селекцијата на Холандија, забележа триумф на првиот меч од Златна лига против Норвешка.
Избраничките на Пер Јохансон славеа над светскиот првак со убедливи 33-24, откако и на полувреме имаа плус пет гол предност, 18-13.
Најмногу голови за „лалињата“ даде Ангела Малештајн, седум, додека Инге Смитс додаде уште шест. Кај Норвешка, Нора Мерк стрелаше шест пати.
Потенцијален проблем за Пе Јохансон, би можела да биде повредата на голманката Јара Тен Холтер. Таа доби силен удар во глава со топка и нема да ди игра другите два меча со Бразил и Данска.
Сепак настапот на ЕП не е доведен во опасност, иако Јохансон веќе повика замена. Тоа ќе биде Бјанка Шансема, која играше на СП за кадетки во Скопје.
Холандија ќе се сретн утре со Бразил, додека на последниот ден од Златната лига ќе игра со Данска. Двобојот со Македонија е на програмата на 7 ноември.