Селекцијата на Холандија пред дуелот против Црна Гора имаше можност да тактизира и да бира противник за четврт-финалето, но изборот не беше премногу добар па дојде до победа од 30:29 и во елиминациите ќе се најде на дуел против Франција.
Победата беше минимална, но во најголемиот дел од натпреварот Холандија имаше високо водство. Успеа во завршницата на првото полувреме да стигне до пет гола предност и да замине на одмор со 17:12 откако во првите 20 минути беше постојано неизвесно и со еден гол предност за едната или за другата репрезентација.
На почетокот на второто полувреме резултатот претрпе измени одновно Холандија стигна до 25:16 и тука веќе беше решено кој победува. Дојде до опуштање до крајот, но Холанѓанките имаа целосна контрола и успеаја да стигнат до зачувување на предноста.
Црна Гора стигна до гол негатива, но веќе беше доцна, па победата и припадна на селекцијата на Холандија со 30:29 што е доволно за 2. место во Групата А и дуел против Франција во четврт-финалето. За разлика од Холандија селекцијата на Црна Гора мора да го почека дуелот меѓу Норвешка и Јапонија за да види на која позиција ќе заврши и кој ќе биде ривалот. Изборот не е голем. Црна Гора оди или на Русија или на Шведска.
Лаура ван дер Хејден беше најефикасна во Холандија со пет гола, додека Бонт и Снелдер имаат по четири гола. Во Црна Гора, Јованка Радичевиќ беше најефикасна со осум погодоци.