Херојски пресврт на Охрид, Металург падна покрај езерото!

Тимот на Охрид забележа голема победа над Металург со 22-20 во 17. коло од Суперлигата и му го нанесе првиот пораз на тимот од Автокоманда. Охриѓани се надминаа себеси и со херојски пресврт во вториот дел стигнаа до триумф.

На почетокот домаќинот го диктираше темпото, отвори со предност од 4-1, а потоа најчесто беше во водство од еден или два гола разлика. Сепак Металург на пауза замина со гол предност, 10-11, откако погоди Марио Танкоски.

Во вториот дел се играше гол за гол на стартот, 15-15, пред гостите од Автокоманда да направат серија за 15-18. Тука стапија на сцена момците на Раде Стојановиќ, кои не само што не попуштија во темпото, туку и погодија пет пати по ред за водство 20-18.

Голманот Никола Даниловски во овие моменти бранеше одлично, а и самиот погоди за плус три на пет минути до крајот, 22-19. Кбилашвили намали на 22-20, но немаше време за нешто повеќе. Згора на се металурзи промашија и пенал, па поразот беше неизбежен.

Даниловски блескаше на домашниот гол, седум погодоци даде Кривокапиќ, а шест Тот, додека кај Металург се истакнаа искусниот Чантурија со пет и Танкоски со четири голови.