Некогашната ракометарка на ЖРК Вардар, Камила Херем настапува во нејзиниот матичен клуб Сола каде што ја започна кариерата. Пред само десетина дена ракометарката го продолжи договорoт за уште две години, но кризата не го заобиколи и нејзиниот клуб.
Камила Херем и нејзиниот сопруг, Стефан Стегавик кој исто така е ракометар, а од наредната сезона треба да и биде тренер во Сола имаа четири активни работни места. Сепак кризата со коронавирусот направи тие да останат без три од нив.
Сола од 1 април ги распушти сите во клубот, па така сега Херем останува активна на едно работното место во средно училиште каде што работи со млади категории. Сопругот Стегавик активно играше во Нирбо, а на крајот од сезоната требаше да стави крај на кариерата но соработката со клубот заврши порано од планираното. Освен тоа тој работеше и како инструктор и советник за прва помош и водеше курсеви, но и од таа работа доби отказ.
Колку е сериозна работата со светската пандемија покажува и овој случај кога и во една од најразвиените земји во светот како Норвешка има толку многу отпуштања од работните места. За овaa ракометна двојка следува потежок перод од животот, но според нивните зборови немаат причина да се жалат, сепак, има многу позагрозени случаи од нивниот.